Се отвара првата аптека, која ќе продава марихуана за медицински цели


marihuana

Во Вашингтон следниот месец ќе биде отворена првата аптека, во која пациентите ќе можат законски да купуиваат марихуана за медицински цели, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Во аптеката ќе може да се купи не само чиста марихуана, но и слатки, бонбони и пијалоци, кои содржат марихуана. Сите производи ќе се произведуваат директно во самата аптека, во која ќе бидат понудени и консултации со медицински експерти.

Само пациенти со одредени заболувања ќе можат да купуваат марихуана од аптеката, а тие ќе можат да купат најмногу 56 грама месечно.

Продажбата ма марихуана за медицински цели беше легализирана во Вашингтон по гласањето во 2010 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1