Мрачна тајна на пастата за заби: Зошто се е невкусно после миењето?


Еве зошто се е невкусно после пастата за заби. А не е ментолот.

toothpaste-1Сите знаеме, ако наутро после миење на забите се напиеме џус од портокал, вкусот ќе биде ужасен. Автоматски претпоставуваме дека тоа е заради ментолот, но воопшто не е така. Одговорот се крие од додатните хемикалии во пастата. Поточно, содиум лаурил сулфат и содиум лаурил етер сулфат.

Па, штом се таму, мора да имаат некоја фина улога, така? Зависи како гледате на фактот дека тие состојки се таму со цел да го убедат вашиот мозок (кој е лесен за залажување) дека пастата всушност ја врши својата работа. Токму така, покрај нивната улога да ја формираат пената што се однесува како детергент, нивното присуство е маркетинг „лажга“ дизајнирана за да ве убеди во ефикасноста, а со тоа и да ве натера да купите пак во иднина.

Затоа пастата има освежувачко чувство и вкус на ментол. Овие карактеристики, сами по себе, не ја прават вашата уста нималку почиста, но се сигнал за мозокот дека ефектот е постигнат. Инаку, содиум лаурил сулфатот е состојка и на шампоните, па на некој начин тоа значи дека понекогаш имате шампон во устата или паста за заби во косата.

Во однос на вкусот, овие состојки ги затапуваат рецепторите за слатко и ги уништуваат фосфолипидите во устата, кои се таму за да го ублажат горчливиот вкус. Со еден збор, ја снижуваат слаткоста, а ја зголемуваат горчливоста на се што ќе вкусите.

Признајте, и вие сте налетале на паста што не ја поседува горенаведената „свежина“ и сте ја смениле со продукт од друг производител. А токму тоа, тие не го сакаат. Сепак, сега кога ја знаете „тајната“, можете да изберете паста без овие адитиви и да уживате во вкусовите, онакви какви што ги знаете.

365.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1