Мрачна тајна: Сојузничките војници во Германија силувале повеќе од милион жени и деца!


Германската историчарка Миријам Гебхар, во својата нова книга “Кога пристигнаа војниците”, открила тајна која со години била чувана во фиока: дека западните сојузнички војници, за време и по Втората светска војна, во Германија силувале повеќе од милиони жени, но и деца.

Таа во книгата наведува дека во тој “страшен чин” голема улога имале војниците од Западот, а по пропагандата се создало мислење дека силувале само припадниците на Советската Црвена Армија.tajna1

-Точниот број не може да се дознае, но со сигурност можам да кажам дека биле силувани најмалку 860.000 жени, мажи, па дури и млади деца. Тоа се случувало насекаде”, пишува во книгата, која била прикажана како „конечен извештај“, појаснува Миријам.

И покрај раширената пропаганда дека овие злосторства биле “специјалитет” на Црвената армија, Гебхард пишува дека тоа не е вистина.

-И западните сили имале голема улога во оваа страшна приказна. Моето истражување траеше една и пол година. Сакав да раскажам приказна од перспективите на жртвите и да ги реконструирам случувањата на што е можно поблаг начин, додава таа.

Во тоа време Американците го измислиле слоганот: “Ни беа потребни шест години да ја средиме германската војска и само ден и коцка чоколадо да освоиме германска жена”.

-Да, но не секоја соработка во спалната соба била доброволна. На Западот е создадено мислење дека Германките се продавале за чоколади, цигари, алкохол…Но, реалноста била различна – тие не биле проститутки, туку жртви на силување. Во јужните делови на Германија постоеле и слободни ноќи, кога командантите им дозволувале на војниците 48 часа да прават што сакаат со жените, пишува таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1