Мравките предвидуваат кога ќе има земјотрес


mravki

Однесувањето на мравките се менува пред земјотрес со магнитуда поголема од два степени по Рихтеровата скала, а тие се враќаат на своите навики еден ден после земјотресот, покажа новото германско истражување.

Научниците до тој заклучок дошле следејќи го однесувањето на 15.000 колониии црвени мравки кои се наоѓаат на сеизмичките активни подрачја, јавија француските медиуми.

Тие открија дека мравките во текот на денот пред земјотресот ги извршуваат своите секојдневни активности, но кога ќе падне ноќта не се враќаат во мравјалникот, за да не бидат затрупани со земја.

Според истражувачите, црвените мравки така реагираат затоа што имаат хемиски рецептори за јаглен-диоксид и магнетни рецептори за електромагнетно поле, така што регистрираат промени во емитувањето на гас или магнетно поле на земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1