Мртов маж пронајден на тротоар во Карпош


Починато машко лице чиј идентитет засега не е познат, е пронајдено утринава на тротоар во скопски Карпош.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

Според првичните информации со кои располага МВР, настанот е пријавен околу 8 часот утринава од страна на итната медицинска помош.

Мртвиот маж кој утринава беше пронајден на тротоар на булеварот „Партизански одреди“ починал од природна смрт.

Како што информираат од МВР, на телото на починатиот немало траги на насилство, било утврдено дека станува збор за природна смрт, па затоа истото нема да биде предадено на обдукција.

Од МВР велат дека телото на починатиот веднаш ќе му биде предадено на семејството за погреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1