Почина пронаоѓачот на електронската пошта и знакот „@“


Реј Томлинсон, американски програмер заслужен за постоење на и-мејл комуникацијата, почина на 74-годишна возраст, јави денеска Би-би-си.

Томлинсон починал во саботата од последици на срцев удар.majmunce

Во 1971 година американскиот компјутерски програмер ја измисли електронската пошта која може да се испраќа од една во друга мрежа.

Негов изум беше и симболот „@“ во и-мејл адресите, кој во меѓувреме стана стандард. Првата електронска пошта ја испратил додека работел како инженер во истражувачката компанија „Болт, Беранек и Њуман“, која одигра важна улога во развојот на почетната верзија на интернетот, т. н. Арпанет.

Во едно интервју Томлинсон изјавил дека не се сеќава како гласела таа историска имејл порака, но дека мисли дека содржела нешто сосема едноставно како зборот „тест“.

Магазинот „Форбс“ во 1998 година објави текст во кој наведува дека Томлинсон својот таен изум му го покажал на колегата, предупредувајќи го: „Немој на никого да кажеш за ова! Би требало со нешто друго да се занимаваме“. Томлинсон не бил свесен дека тоа е историски потег кој ќе го промени светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1