Мртва девојка преку Фејсбук го прогонува момчето


Вистинското име на No sleep е Нејтан, кој ја изгубил својата девојка во сообраќајна несреќа во 2012 година.

Девојката Емили починала на местото на несреќата, при судир на три автомобили.

– Во тој момент бевме заедно пет години. Не сакаше да се венчаме, не сакаше брак. Да го сакаше тоа, уште по три месеци врска ќе ја побарав за жена, изјавил Нејтан, кој по несреќата го оставил нејзиниот профил на Фејсбук да биде активен.

Пристап до нејзиниот профил имале само тој и мајката на Емили, вели Нејтан.

mysterynote

Нејтан раскажува дека на крајот на 2013 година на Фејсбук добил порака од профилот на Емили.

Веднаш ја прашал мајка и дали таа му пишала, но останал во неверување кога таа му кажала дека пораката не е нејзино дело.

Тој ги прашал и пријателите случајно некој да не се поигрува со него, но никој од нив не знаел за што станува збор.

За мистеријата да биде уште поголема, пораките кои ги добивал од сега покојната девојка биле измешани пораки кои претходно си ги разменувале.

Но и тука не е крајот на мистериозната приказна.

Во февруари годинава почнале да му стигнуваат известувања дека на неговите фотографии кои тој ги поставувал се означувала и Емили.

Врв на целата приказна била фотографијата објавена од неговиот профил на која се гледа куќата на Нејтан однадвор, а се гледа и неговиот компјутер.

1mysterynote

Приказната за пораките на мртвата девојка на Фејсбук за брзо време се рашири на интернет, а мислењето кое преовладува е дека Нејтан сам себе си ги испраќа пораките од профилот на починатата девојка.

Се уште не се знае кој и зошто му пишува пораки на Нејтан од профилот на неговата покојна девојка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1