Мртва жена пронајдена во Радишани


Синоќа околу 23 часот во полиција е пријавено дека во скопската населба Радишани, на улица „Радишанска“, е пронајдено женско тело кое не давало знаци на живот.

police-lenta-500Според досегашните податоци на Министерството за внатрешни работи, на телото немало траги на насилство. Утврдено е дека станува збор за 51-годишната С.Б.

Полиција и јавен обвинител извршиле увид на местото, а по наредба на обвинителот телото е дадено на обдукција.

По завршување на истрагата ќе биде познато како настапила смртта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1