Телото го забележал минувач во паркот и пријавил во полиција.Телото на мртвиот човек е пронајдено утрово околу 10 часот во паркот спроти Институтот за сточарство.
Од полициски извори Канал5 дознава дека идентитетот на човекот кој починал е откриен – се работи за познат доктор на клиниката за ортопедија, 69 годишниот Јордан К.
Бил идентификуван од член на семејството. На телото според првичните информации од полицијата, нема траги на насилство.
Kanal5