Мртво момче најдено во стан во кој избувнал пожар


Дваесет и тригодишно момче е најдено мртво во стан во кој избувнал пожар ноќеска околу 03 часот, на булеварот Јане Сандански во Скопје.

Од засега непознати причини во станот избувнал пожар. При интервенција на екипа од Бригадата за противпожарна заштита, во станот бил пронајден починат Н.Н. (23). Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1