МТВ снима нови „Македонски народни приказни“


Во селото Винце, Кумановско, и на други локации во земјава, екипа на Македонската телевизија деновиве почна со снимањето на новите епизоди од 18. сезона на култната серија „Македонски народни приказни“, со која израснаа многу генерации

Досега, само во МТВ се снимени повеќе од 350 наслови.
– За разлика од досега, овој бренд на нашата телевизија ќе понуди визуелен и квалитативен скок, бидејќи снимањата се реализираат во висока 4К-технологија, каква што досега не е користена во играната продукција. Тоа ќе овозможи долготрајно телевизиско експлоатирање – велат режисерите Миле Гроздановски и Томислав Алексов.

Makedonski-narodni-priakzni
Сценаријата и овој пат се базирани на приказните „пронајдени“ во ризницата на најголемиот македонски собирач на народни умотворби Марко Цепенков.
Автори на сценаријата се Шенка Колозова, Розета Арсова и Татјана Ласковска-Забазновска, директори на фотографијата се Здравко Петрушевски и Александар Касапинов.
Мудроста, итрината, добрината и лагата се само дел од особините што ќе ни ги доловат докажаните актерски имиња во новите епизоди.
– Како и досега и овој пат приказните ги снимаме со задоволство, голем ентузијазам и, пред сѐ, со многу љубов – вели актерот Ванчо Петрушевски, кој е дел од актерската екипа на овој проект на МТВ речиси од самите почетоци пред 30 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1