Му гледа на комшијата во спална – гради кој кај ќе стигне во Скопје


„Како што можете да видите од фотографиите кои Ви ги праќам во прилог, наоддалеченост од само 1 метар од дворот на мојата семејна куќа на улица Баница бр.19 се гради зградата со вкупно 40 отвори-прозори и врати кон мојата семејна куќа и двор.,, се вели во писмото кое читател го испратил до Прес 24.

Во Одобрението за градба и ДУП за Црниче на оваа локација смее да се гради семејна куќа. Проценете сами од фотографиите кои Ви ги праќам дали овој објект е семејна куќа. Почитувани, во минатиот период се обративме кај СИТЕ надлежни органи во Р. Македонија да го спречат овој очигледен криминал наречен  мито и корупција за стекнување противправна имотна корист.

Целата комуникација е документирана и Ви стојам на располагање доколку сакате овој случај да го истражите и да ја информирате јавноста во Македонија за овој очигледен случај на УРБАН КРИМИНАЛ“ – пишува читател на Press24.

pogled-od-prozor

pogled-od-dvor

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1