Еден 60-годишен ирачанец убил седум припадници на екстремистичката група ИСИС, како одмазда за убиството на неговиот син.
Како што информираат светските медиуми, Басил Рамазани (60), со Калашников АК-47 нападнал контролен пункт на ИСИС во градот Тикрит, при што беа убиени седум припадници на ИСИС, а во размената на оган со останатите терористи беше убиен и самиот тој.
Локалните медиуми информираат дека терористите на ИСИС, неговиот син Ахмед Рамазани (18), го егзекутирале кон средината на месец јануари. Тој бил убиен со уште седум други млади лица, кои што беа обвинети од страна на ИСИС за соработка со безбедносните ирачки служби.