Му го украле телефонот, фото од разголена сопруга на лоповот му стигнале во дропбокс


На момчево му бил украден телефонот додека бил на одмор. А технологијата безобразно оди напред, па така, благодарение на тоа, успеја да го најде „муштеријата“. Може не стигнал до телефонот, ама… Дефинитивно интересна приказна

235312svadbata

Јас и моите пријатели сакавме заедно да го поминеме одморот и решивме да летуваме во Лорет де Мар во Шпанија. За некои луѓе рај, за други пекол.

Имав заштедено пари и си купив HTC One X  за да можам да го документирам целото патување во мојот телефон.

Одморот ни започна многу убаво. Сите безбедно се сместивме во Лорет, времето беше одлично и локацијата каде што ги минавме следните десет дена беше едноставно совршена.

Првата ноќ

Иако претходната ноќ ни помина во патување и бевме прилично уморни, сепак решивме да излеземе.

Јас бев првиот што се сплетка со една девојка. Решивме да прошетаме на плажата. Кога застанавме да земеме воздух, веднаш забележав дека нешто недостасува. Телефонот. Не можев да поверувам што се случи. Запрепастени, се вративме назад на шеталиштето каде што сретнавме двајца полицајци и ги прашавме што да правиме. Тие ми објаснија дека телефонот најверојатно ми е украден и дека треба следниот ден да одам во полициската станица и да го пријавам случајот.

Ноќта сеуште беше млада и не сакавме така да ни заврши. Се вративме на плажата и седевме на истото место како и претходно и незамисливото се случи. Исчезна и телефонот на девојката. Скокнав и се стрчав кон еден човек кој одеше од плажата кон шеталиштето. Го замолив да ги испразни џебовите, но телефоните не беа кај него.

Се вративме кај моите пријатели кои имаа подобра вечер. Девојката се јави на нејзините пријатели и повеќе никогаш не ја видов.

Околу три месеци подоцна…

Една ноќ на 9ти септември 2012 почнав да добивам слики во папката ‘Camera uploads’ во мојот Dropbox.

Заедно Dropbox и HTC овозможија автоматско зачувување на сликите веднаш штом One X ќе се поврзе со интернет.

Незамисливото се случи по втор пат. Мојот паметен телефон не бил исчистен правилно и започнав да добивам фотографии од семејство кое јасно го поминало одморот во Лорет де Мар.

Colossos

Како што можете да видите мојот “пријател” носи маичка од мегадиското Colossos.  За жал, јас и моите пријатели не одевме во дискотеката за време на нашиот одмор, инаку сигурно ќе се сретневме и ќе се приврзевме. Имав чуден дежа-ву која ја видов оваа фотографија, бидејќи мислам дека купив нов телефон во продавницата која се гледа во позадина.

234120colososhtc

Овој тип

Уште еднаш имав чудно дежа-ву кога го видов овој човек. Прилично сум сигурен дека тој е човекот кој го сопрев на плажата и го замолив да ги испразни џебовите.

234220ovojtip

Превозот

Авионот ги однесе далеку, но сеуште не беа дома. Требаше уште да патуваат.

234504kola

Беа доволно љубезни и заминаа со своја кола. На сликата можете да видите романски регистарски таблички. TL-то на регистарските таблички е кратенка од Тулча.

Тулча е стар град во историски регион на Добруџа. Има популација од околу 92.000 жители и бил важно пристаниште од античко време, бидејќи се наоѓа покрај познатата делта на Дунав, кој се влева во Црното Море.

Роденден

Една недела подоцна добив слики од семејството кое било кај пријатели на роденден на мало девојче. На фотографијата можете да ги видите гордите родители на Силија Николета, кои позираат со “позната” романска пејачка, како што дознав.

234739retro

Родителите на Силија се фанови на розевата боја.

234611rodendentorta

Можна слика за на профил

234846profil

Свадбата

Божиќ, моменти на љубов и среќа. На крајот на минатата година, парот го поканија на свадба во Лил. Претпоставувам дека се мажеше сестрата на жената. Не сум одушевен од сребреното одело, дефинитивно не е Cavalli.

235312svadbata

И… овој сладок пар го фати букетот!

235038buketot

Исто така, направија убави фамилијарни фотографии. Секоја фамилија, па така и тие имаат откачен чичко кој секогаш се шегува.

235345svadbata1

Костими за Ноќта на вештерките

Или овие двајца само што се вратија дома од првиот грабеж?

235445grabezh

Сфатив дека моето HTC всушност го користи девојката на типот, откако добив тони од #selfies кои го покажуваат нејзиното лице. Еве мала селекција за месец Октомври и различни варијации за што-да-облечете-под-мрежест-топ.

235638zena 1

За останатите слики и вовед кон истите прочитајте повеќе на gsm.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1