Mу го запалиле автомобилот на директорот на „Зеф Љуш Марку“ – Не ги пуштил на екскурзија,


Полицијата поднесе кривична пријава против Р.Т. (18), и малолетните В.Ј. (16), С.Ч. (17), Ф.В. (17) и А.Б. (17) сите од Скопје, поради основано сомнение дека во средината на април, односно на 16.04. годинава околу 18.00 часот во училишниот двор на СУГС “Зеф љуш Марку“ на паркингот го скршиле задното стакло од десната страна на ПМВ “Сеат Ибица“ сопственост на М.Р. директор на улилиштето, и со употреба на молотови коктели кои запалени ги фрлиле во внатрешноста на возилото извршиле кривично дело – “предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво по член 288 од КЗ на РМ предизвикувајќи притоа  материјална штета од околу 390.000 денари.

zevljus

Имено, пријавените по предходен договор се стретнале во непосредна близина на СУГС “Зеф љуш Марку“ кај старата железничка станица Скопје-Север, каде што ги подготвиле молотовите коктели. По кусо време сторителите се упатиле кон задниот дел од училишниот двор на паркингот каде било паркирано возилото. Притоа В.Ј. со чеканче за кршење стакло го скршил прозорецот на задната десна страна и веднаш потоа истите ги запалиле молотови коктели и ги фрлиле во внатрешноста на возилото.

-Откако го извршиле кривичното дело се дале во бегство и при тоа го фрлиле чеканчето за кршење на стакло во непосредна близина на опожареното возило кое подоцна е пронајдено од страна на полициски службеници од ПС-Чаир. Истото е предадено на вештачење и врз основа на извршените споредбени ДНК анализи заклучено е дека трагите од биолошко потекло нанесени на рачката од кршачот за стакло, потекнуваат од В.Ј, соопштуваат од МВР.

policija-lentaЗа предизвиканиот пожар била известена БППЗ која веднаш дошла на местото на настанот и го локализирала пожарот. Од страна на увидна екипа при ЕИМНВ при СВР-Скопје извршен е увид на лице место. Возилото од подметнатиот пожар целосно изгорело. Со сторителите  во ПС-Кисела Вода во присуство на нивните родители и инспектор по малолетничка деликвенција  обавени се службени разговори во кои разговори истите кажаа дека причина за извршувањето на кривичното дело било тоа што директорот одлучил оние деца кои не се примерни и дисциплинирани да не одат на екскурзија, а истите не биле на списокот за одење и изреволтирани од тоа го сториле кривичното дело.

Исто така., извршен е разговор и со оштетениот М.Р. Со Судска наредба одземени се видео записите од 17.04.2013 г од “АМСМ-Услуги Петрол“ бензинска пумпа лоцирана на ул. “Лазар Трповски“ пред СУГС-Зеф љуш Марку и на истото се гледа како  В.Ј. точи бензин во пластично шише од два литри истиот ден пред да се случи палењето на возилото Од извршената проверка во крим.евиденциите на СВР-Скопје, пријавените малолетници не минуваат по ниеден основ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1