Како да сте сигурни дека добро сте го измиле овошјето


Годишно околу 48 милиони страдат од здравствени проблеми предизвикани од храната поради нечистотиите и хемикалиите кои се составен дел од неа, особено овошјето и зеленчукот. За да избегнете секакво непријатно искуство со труење со храна, ние ќе Ви дадеме совет како да ги измиете правилно, евтино и безбедно.

За Вас имаме 2 основни совети:

1. ИЗМИЈТЕ ГО ОВОШЈЕТО И ЗЕЛЕНЧУКОТ ТЕМЕЛНО СО ВОДА
2. КОРИСТЕТЕ ОЦЕТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО ЧИСТЕЊЕ

Оцетот помага да се отстранат сите хемикалии и бактерии кои се наоѓаат на овошјето и зеленчукот, но исто така ги уништува и бактериите од типот на ешерихија коли.

Како да го извршите чистењето?

– Продукти со мазна лушпа

Make-an-Organic-Fruit-and-Vegetable-Wash-Step-4 Во шише со прскалка ставете смеса од оцет и вода во сооднос 1 со 3 (замислете го шишето во 4 дела, 1 дел е оцет, останатите 3 се вода) за да ги исчистите продуктите со мазна лушпа.

Испрскајте ги со смесата целосно овошјето или зеленчукот и дозволете им да останат такви најмалку 30 секунди пред да ги истриете со четка или сунѓер (со грубата страна). Откако ќе ги истриете исплакнете ги со млаз ладна вода, тоа ќе го отстрани вкусот на оцет од нив. Исто така овошјата со чуствителна кожа можат да се истријат само со рака без користење на четка за да не се оштети лушпата.

Во овој тип на продукти спаѓаат јаболките, доматите, крушите, грозјето, тиквиците и други.

– Продукти со груба или неправилна лушпа

mienje ovosjeБрокулата, карфиолот, листестите зеленчуци, лубениците, дињите, компирите, јагодите, малините и другите продукти со мазна и мека лушпа се потешки за чистење.

За нив потребно е да наполните сад со топла вода (50-60º)и во него да додадете оцет  во зависност од големината на садот. Киселоста на водата ќе ги убие бактериите. Оставете ги 10 мин. да отстојат во водата и потоа исплакнете ги под млаз ладна вода триејќи ги со рацете.

Бидете претпазливи.

Секогаш мијте ги рацете пред и после чистењето, исто така треба се исмие и површините со кои се работи.Никогаш не ги сечете или лупете продуктите со кои што работите, тие секогаш треба да бидат цели и со лушпа.

СОВЕТИ

Доколку додадете сок од лимон во смесата за да се зголеми киселоста, исто така можете да додадете и морска сол. Со тоа ќе го зголемите делувањето и ќе убиете повеќе бактерии за побрзо време.Миењето на овошјата како јагоди и малини покрај детоксикацијата има и друга придобивка, тоа е што овозможува подолго време да останат свежи и да не скапат.

Повеќе на – mojtrener.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1