Поднесување Барања за издавање електронска здравствена картичка и попладне


Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе работи до 19 часот со цел сите осигуреници кои немаат поднесено барање за издавање електронска здравствена картичка (ЕЗК) тоа да можат го сторат и во попладневните часови.

elektronska-zdravstvena-kartickaБарањата за издавање ЕЗК осигурениците може да ги доставуваат до Подрачната служба за Фондот, на истурените шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир, како и во дополнителните четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто, каде има одговорно лице од ФЗОМ за прием на документацијата.

ФЗОМ ги повикува и сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање ЕЗК тоа да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ.

Законската регулатива предвидува сите осигуреници да имаат ЕЗК заклучно со 30 јуни годинава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1