Чешкиот скулптор Криштоф Хошек преку контроверзна скулптура го изразува своето мислење кон чешкиот претседател Милош Земан.
– Скулптурата е манифестација на поплавите од лаги и говор на омраза, на која јавноста беше изложена за време на претседателската кампања, вели Хошек за неговото дело.
Претседателот Милош Земан е преставен како растечена жолто-кафеава маса која потсеќа на измет. По завршувањето на саемот, скулптурата ќе биде пренесена во галеријата „Артинбокс“ и ќе биде дел од тематската изложба „Кој лаже, краде…?“.