Му одбиле барање за кредит, па почнал да се заканува во банката


Неодобрен кредит било причина за жестока расправија, помеѓу клиент и банкарка од експозитура во Скопје. Како што пишува Курир, инцидентот се случил завчера околу 14:50 часот во експозитура во населбата Карпош кога обезбедувањето во објектот морало да интервенира и да повика патрола.

Во експозитурата, клиентот почнал недолично да се однесува и расправа со банкарката која му соопштила дека барањето за кредит не му било одобрено. Лут поради одлуката на банката, тој почнал да вика и да се расправа и со обезбедувањто, по што било побарано да интервенира и патрола.

Клиентот потоа ја напуштил банката, заканувајќи им се на вработените дека повторно ќе се врати да го реши проблемот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1