Писмото на војник во кој тој на својата девојка на фин начин и го возврати ударот поради превара стана вистински хит на интернет и наиде на позитивни кометари на читателите.
Имено еден американски маринец бил распореден во Авганистан, а додека војувал примил писмо од својата девојка. Во писмото му објаснила дека спиела со двајца дечковци додека тој бил отсутен и дека сака да му раскине. Така, му напишала дека ги сака и своите слики назад. Маринецот го направил она што секој досетлив човек би го направил.
Почнал од своите другари војници да ги бара сите фотографии од жени кои не им биле повеќе потребни. Кога ги собрал, и ги испратил сите 25 фотографии од жени, облечени и голи, и напишал: „Не се сеќавам која си ти. Те молам земи една од сликите, а останатите врати ми ги. Не се знае дали оваа приказна е вистинита, но сигурно на оригинален начин војникот и се осветил на неверната девојка.