Охриѓанка пријавила дека утрово околу 2 часот на мобилниот телефон на нејзиниот 17-годишен син се јавило непознато лице и му рекло да излезе пред продавницата, лоцирана на улицата Питу Гули во Охрид.
Кога нејзиниот син излегол пред продавницата, од „мерцедес“ излегло непознатото лице кое извадило нож со кој му нанел повреди во пределот на десната рака.
МВР информира дека презема мерки за пронаоѓање на сторителот.