Тригодишното удавено дете Ајлан Курди, кое беше исфрлено на брегот во турскиот округ Бодрум, ќе биде погребано во родното место, во сирискиот курдски град Кобане, изјавија претставници на турските власти.
Детето беше меѓу дванаесетмината сириските бегалци, за кои се претпоставува дека загинале оваа недела во обид да стигнат до грчкиот остров Кос.
Фотографиите со тригодишното дете беа објавени од социјалните мрежи и други медиуми и предизвикаа шок во целиот свет.
Двете загинати деца од семејството Курди и нивната мајка ќе бидат погребани во Кобане, во северна Сирија. Безживотното тело на мајката беше откриено на турскиот брег на оддалеченост од сто метри од нејзините деца.
Фотографијата на тригодишниот Ајлан Курди, која го шокираше светот беше направена од турската новинарка од агенцијата Доган, Нилуфер Демир.тр