Во одбрана на Водно од пожарот повреден пожарникар – еве што пламенот остави зад себе


Дваесет и пет пожарникари од скопската Бригада со осум противпожарни возила и шест автоцистерни на Комунална хигиена и Паркови и зеленило, завчеравечер успеаја целосно да го изгаснат пожарот кој избувна на Водно, кај Теферич.pozar-teferic

Во борбата со пламените јазици полесно беше повреден еден од пожарникарите со долгогодишно работно искуство. Се лизнал на стрмниот и каменит терен додека со полна опрема и со цревото в раце се обидувал да го скроти огнот и го скршил десниот скочен зглоб. Командантот на скопската ПП-бригада Благоја Менковски вели дека повредениот бил хоспитализиран и по бандажирањето на ногата бил пуштен на домашна нега.

Како изгледа опожарената површина денес погледнете во видеото снимено со дрон од Flysky.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1