Пресуда: 5 години затвор за возачот кој ја усмрти новинарката кај Зебра


Пет години затвор е пресудата која денес му беше изречена на Бојан Блажевски, кој е обвинет за сообраќајната несреќа кај Зебра во која животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска Павлоска.

Мрт.ком.мк

Мрт.ком.мк

Адвокатот на обвинетиот Блажевски смета дека пресудата е коректна, додека адвокатот на семејството на новинарката се надева дека обвинителството ќе ја обжали истата.

За кривичното дело кое на Блажевски му се става на товар предвидена е затворска казна од минимум четири, а максимум 15 години.

Блажевски на 7 јули излетувајќи од коловозната лента кај трговски центар Зебра, со консумирани алкохол и наркотични средства удри во новинарката Сузана која почина на лице место. По извршениот увид беше утврдено дека Блажевски возел со 83 километри на час.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1