Му скршиле шише од глава: 15-годишник нападнат од група кумановци


Ноќеска во 01.00 часот во СВР Куманово С.Т. (47) од Куманово пријавила тепачка во нејзиниот кафе бар.

Во 01.50 часот од страна на ОКТУПА бил извршен увид на местото на настанот при што било утврдено дека околу 00.50 часот во холот, пред тоалетите и магацинскиот простор на кафе барот, од страна на повеќе непознати лица физички било нападнато петнаесетгодишно момче, кое било удрено во главата со шише од пиво.tepacka3

Момчето било пренесено во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана телесна повреда. По укажаната помош петнаесетгодишникот бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1