Му здосадило BMW-то вредно 120 000 долари да се расипува – па си го демолирал (Видео)


Посетителите на саемот за автомобили во Франкфурт  присуствуваа на несекојдневен перформанс – Сопственикот на црно BMW M-6 од претходната генерација и негов пријател, пред очите на присутните почнаа со уништување на автомобилот.

bmw iskrsiХади го купил автомобилот вреден 120.000 евра од овластениот продавач во Италија, но набрзо забележал дека автомобилот има „сериозни технички проблеми“. Како што пренесува германски „Билд“, сопственикот се пожалил на вибрации и удари кои се јавуваат при менување на брзините.

Иако го носел автомобилот кај овластените сервисери околу десетина пати, проблемот не бил решен. Со оглед на тоа што ниту BMW Италија, ниту BMW Германија не сакале да превземат одговорност за наводната техничка неисправност, единствено што му останувало на Хади е судска постапка, но сфатил дека тоа би можело да трае со години, па се одлучил на ваквиот чекор.     

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1