Мухаџери: Сечам глави во Сирија – го правам истото што и ОВК во Косово


Лавдрим Мухаџери, 25-годишен џихадист од Косово, кој неодамна на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како му ја отсекува главата на млад Сириец, изјави дека не направил ништо поинакво од она што за време на војната го правеле припадниците на ОВК, пренесува приштинскиот весник “Експрес”.

kosovec1 (1)Во интервјуто за весникот “Дита” од Тирана, Мухаџери се оправдува дека токму таква казна предвидува Куранот.

Мухаџери, кој се бори на страната на бунтовниците во Сирија, изјави дека 19-годишното момче, на кое му ја отсече главата, било “фатено како шпион, а според Куранот, за оној кој ќе предаде муслиман предвидена е егзекуција”.

– Мене ме обвинуваат дека сум ја отсекол главата на еден човек? Јас не направив ништо помалку ниту повеќе од што направија војниците на ОВК за време на војната. Фотографиите од тие злосторства на ОВК ги поставив на Фејсбук за да ги види цел свет, вели Мухаџери, а пренесува Танјуг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1