Во Албанија има 55 мултимилионери, во Македонја се 35 се наведува во годишниот извештај на глобалната организација за проценка на богаство, Wealth-X, која соработува со приватни банки, образовни инситуции, невладини организации и луксузни компании.
Во овој извештај, според бројот на мултимилионери Албанија го зазема 37 место во Европа. Педесет и петмината албански богаташи поседуваат вкупно околу седум милијарди долари, пријавено богатство.
Оваа класификација се чита како парадокс од разни медиуми поради фактот што Албанија е мала земја, меѓу најсиромашните и со најмал приход по глава на жител. Освен тоа Албанија има повеќе милијардери од Словачка, Кипар, Бугарија, Естонија, Македонија или Црна Гора.
Медиумите го нагласуваат и фактот дека повеќето од 55 најбогати во Албанија се во политиката и тоа главно од левицата, односно дури 40 се социјалисти или членови на поранешни комунистички семејства. Во анализата на оваа организација се опфатени само лица кои поседуваат богатство над 30 милиони долари. Во извештајот стои дека во Европа има 53.441 милијардери.