Мумифицираното тело на германскиот авантурист Манфред Фриц Бајорат е пронајдено на јахта која пловела во близина на јужниот дел на Филипините во текот на викендот.
59-годишниот Германец бил случајно го откриле двајца рибари. Неговото тело е откриено во близина на радио-телефонот додека се обидувал да упати СОС порака да се спаси. Неговата јахта пловела по светот 20 години.
Во кабината која била поплавена пронајдени се албуми со фотографии, облека и остатоци од храна. Не е познато колку долго Манфред бил мртов, и како умрел. Тој е идентификуван благодарение на хартии на јахтата.
Еден негов пријател за германски „Билд“ изјавил дека се слушнал со него на Фејсбук минатата година, па се претпоставува дека јахтата талкала по океаните оголу една година.
Сувите океански ветрови, високите температури и солта помогнале неговото тело да се сочува. Полицијата сега се обидува да ја дознае неговата последна рута и луѓето со кои разговарал
Манфред ја прекинал врската со својата сопруга во 2008 година. Таа со него патувала со години, а по извесно време починала од рак. Телото на Манфред било прфрлено во Бутан Сити за да му се изврши обдукција, додека неговата јахта е вкотвена во заливот Баробо.
Стручњаците истакнуваат дека не се пронајдени докази дали на јахтата имало и друга личност, и се претпоставува дека морнарот ненадејно починал, веројатно од срцев удар. Германската амбасада во Манила соработува со локалните официјални лица со цел да го пронајдат неговото семејство во Германија.