Мункејк – колачите по кои полуде светот


Месечевиот колач (mooncake) е традиционална кинеска пекарска слатка, но денес постана популарна ширум светот. Кинезите имаат обичај да го јадат месечевиот колач додека го прославуваат Празникот на полната месечина, кој според кинескиот лунарен календар, оваа година е на 15 август (22 септември).

Овој колач го симболизира обединувањето на роднините, бидејќи изговорот на зборот округло звучи исто како зборот обединување. Воедно, месечевиот колач е важен подарок за пријателите. На почетокот овие колачи се правеле дома. Во минатиот век била основани работилници за месечеви колачи така што денес има многу различни врсти и се прават со бројни преубави цртежи на нив.

14-munkejk-kolachite-po-koi-polude-svetot-kafepauza.mk_Традиционалниот месечев колач е кружен, има пречник од 10 см и дебелина од 3-4 см. Обично се јаде со чај.

Повеќето се состојат од тенки пецива исполнети со сладок густ фил, а во средината може да имаат една или повеќе жолчки, како симбол на полната месечина. Ретко се служи на пареа или пржен.

Традиционалните кинески колачи имаат печат на површината со кинески знаци кои означуваат хармонија или долговечност или пак слика од животно. Пекарите обично на колачите го ставаат своето лого. Како додатна декорација можат да се најдат печати на мечка, цвеќе, винова лоза или зајак (симбол за Месечината).2-munkejk-kolachite-po-koi-polude-svetot-kafepauza.mk_

Тестото традиционално се состои од свинска маст, црвен грав и жолчка, што заедно има околу 1.000 калории. Новите варијанти од оваа вкусна слатка се прилагодени на здравиот животен стил. Содржат помалку или воопшто масти, помалку шеќер, по облик се помали, а најчесто се прават од јогурт, сладолед или желе.7-munkejk-kolachite-po-koi-polude-svetot-kafepauza.mk_

Иако доминираат овошните вкусови, постојат разни видови филови со кои се полнат. Состојките можат да бидат кафе, чоколадо, ореви или кои било јаткасти плодови, овошје (сливи, ананас, диња, банана…), зеленчук (сладок компир), а може дури да се додаде и шунка.

kafepauza.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1