Муса даде оставка: Обидот да помогнам се претвори во стапица


Заменик министерот за здравство, Асим Муса денеска објави дека се повлекува од функцијата откако во медиумите беше објавена видео снимка на која се гледа како тој наводно прима пари од пациент од Албанија за хируршка интервенција.

– Донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик-министер за здравство и да ја расчистам оваа импонирана дамка, стапица, против мене лично и мојата професија, истакна Муса на прес-конференција во Владата.

– Во постојаните барања на пациентот за кого станува збор јас го информирам дека интервенцијата за странски пацинети кои не се осигурани во нашата држава е приватна и го информирам кој е можниот износ за интервенцијата, на негово прашање колку би чинело по пакети. Токму овие пациенти постојано се обидуваат да приредат стапица против мене во која било форма, нагласи Муса.

Посочи оти нема да дозволи да биде нарушен неговиот кредибилитет со намерни стапици.

– Нема да дозволам овие цели 23 години инвестиции во професионалноста и во фамилијарниот кредибилитет да биде нарушен на ваква намерна стапица, со лажни наслови кои не се реални како што може да се види и на самата видео-снимка, рече заменик-министерот за здравство.

За потсетување, заменик-министерот за здравство Асим Муса беше фатен на дело од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, кое се емитуваше вчера во 20:10 часот на Top Channel, како се пазари со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во Струга. За оваа работа, Муса побарал 1.000 евра, додека однапред земал 50 евра.

Во емисијата се тврдеше и дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1