Муслиманите го слават Рамазан Бајрам


Муслиманите во Република Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, рано утрово во сите џамии се одржуваше утрински Бајрам-намаз.

kurban-bajram-Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

Во текот на Рамазанскиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитер, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи, се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

Рамазан-Бајрам е ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1