Мутанти меѓу нас: Првата генерација генетски модифицирани бебиња завршуваат средно


Веста за првиот успешен трансфер на генетски материјал за зачнување на генетски модифицирано човечко бебе беше објавена во списанието “US Medical Journal” во 1997-ма година.

Во 30 ембриони бил вбризган генетски материјал од трета личност. Децата креирани на ваков начин всушност имаат дополнителни гени од ДНК на две мајки, што технички значи дека имаат тројца родители.

До сега не е познато дали сите деца се здрави. genetski-modificirani-bebinja-sega-porasnale-vo-tinejdzeri-imaat-tri-geni-vo-niv-01
Експертите од Институтот за репродуктивна медицина и наука (IRMS) при Медицинскиот центар “Saint Barnabas” (SBMC) се заинтересирале за овие деца и истражиле најмалку 17 од нив кои денес веќе се тинејцери, но резултатите од нивната работа се’ уште не се објавени.

Иако на нас во овој момент не ни е познат идентитетот на “генетски модифицираните” деца, ниту пак во каква здраствена состојба се, етичкото прашање за создавање на луѓе по желба останува жешка тема. Генетското модифицирање на луѓе за да се создаде инфериорна човечка раса или пак за добивање на одредени физички карактеристики е предмет ан жестоки расправии помеѓу научниците, политичарите и останатите заинтересирани, наведува TCTV, кои ветиле и дека ќе ја известат јавноста кога ќе имаат повеќе информации за здравјето на овие млади луѓе.baby_food gmo

Американската агенција за храна и лекови забранила во 2002-ра година генетски модификации на ембриони, образложувајќи ја одлуката со фактот дека станува збор за “биолошки продукт” кој спаѓа во нивна надлежност. Точно е дека споменатата генетска модификција се врши во случај кога постои опасност дека родителите на своите деца ќе им пренесат некоја тешка генетска болест.

Овие тинејџери, меѓутоа, би можеле да го пренесат својот генетски модифициран материјал на следната генерација, што значи дека дури иако постои забрана за ваквите интервенции во иднина, факт е дека веќе имаме “пуштено на пазарот” биолошки модифициран генетски материјал, наведуваат TCTV.

Точка.ком.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1