Музичари и угостители утре на протест


Револтот од новите владини одлуки утре на протест ќе ги извади музичарите и угостителите. За новите рестриктивни мерки воопшто не биле консултирани. Велат не може секогаш кога се носат одлуки за заштита од вирусот да бидат на штета само на овие дејности. Бараат итно повлекување на мерките, протоколи за работа. Ако останат забраните за жива музика стравуваат дека овие индустрии ќе се соочат со тотален колапс.

За новите мерки не бевме консултирани воопшто, само што почнавме малку да работиме повторно се воведуваат мерки и повторно ја затворија нашата професија, вели музичар.

И сопствениците на ноќни клубови бараат протоколи. Сметаат дека е побезбедно да работат затоа што младите секоја вечер се собираат во групи во затворени простории. Повеќе од половина година се со клуч на врата, тековните трошоци мора да ги покриваат, а досега не биле помогнати со ниту една мерка.

Владата повторно одлучи да ја забрани живата музика во локалите, на една маса ќе можат да седат најмногу четири лица, а бучавата да не надминува 55 децибели. Не смее да се послужуваат гости на шанк или на стоечки маси, а останува и забраната за работа на ноќните барови и дискотеките, клубовите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1