МВР: 4 лица со кривична пријава за местење на Скопски фестивал


Четворица македонски државјани се осомничени за злосторничко здружување и компјутерска измама во врска со резултатите за првите три места на Скопскиот фестивал за избор на песна за Евровизија, што синоќа се одржа во „Метрополис арена“, соопшти МВР.skopski festival

Како што соопшти полицијата, преку СИМ картички и телефонски апарати, четворицата првоосомничени имале за цел да испратат поголем број СМС пораки и на тој начин да влијаат на резултатите од гласањето, но и на конечниот резултат. Четворицата се на возраст од 26 до 56 години од Скопје и меѓу нив се сопственик на продукциска куќа, автор и композитор. При извршените претреси на две локации полицијата затекла 14 лица ангажирани да праќаат пораки за време на гласањето, по принцип 3 по 2 по 1 глас.

Запленети се 2.500 СИМ картички, а дополнително ќе се утврдува преку СИМ картичките од сите оператори за кого се гласало. Во оваа афера вмешано е и лице од фирмата ангажирана за телефонското гласање, кое во текот на гласањето давало информации за моменталната состојба на гласовите и за тоа на кој изведувач колку гласа му се потребни. Еден од четворицата е во САД, а останатите по полицискиот распит побарале присуство на бранител и одлучиле да се бранат со молчење, а по испрашувањето се пуштени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1