МВР досега нема регистрирано никакви проблеми во гласањето


Министерството за внатрешни работи, во текот на денешното гласање од вториот круг на претседателските избори, до 12 часот, нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир. Гласањето се одвива мирно и без проблеми, изјави на денешната прес конфренција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

МВР апелира граѓаните и во преостанатиот дел од денот, на мирен и достоинствен начин, да го искористат своето гласачко право.

– Секој обид за нарушување на изборниот процес. потенцира Ангеловски, ќе биде бескропомисно санкциониран.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1