МВР ги подели првите откази за полицајците вмешани во настаните на 27. април во Собранието


Отказни решенија утрово им биле поделени на 11 полициски службеници за кои завршила дисциплинската постапка. Оние за кои комисијата утврдила дека ги прекршиле правилата за работа заминуваат од МВР.

Сите кои добиле отказ се дел од стотината службеници кои беа ангажирани во македонското собрание на 27 април годинава, а за кои постои сомнеж дека не ги почитувале правилата за работа.

Од МВР кратко потврдија дека од утрово биле поделени решенија на 11 полициски службеници, без детали за тоа во кои сектор работеле и што утврдилa комисијата за секој од нив.

Помеѓу суспендираните за кои досега беше информирана јавноста беа и високи фуинкционери во министерството, како и вработени во службата за обезбедување во собранието.

Под суспензија како што минатата недела потврди министерот Спасовски беа 42ца, а против 70 се водеа дисциплински постпаки, сите вечерта биле поврзани со постапката и делувањето во зградата на македонското собрание.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1