Г-динот Пендаровски до сега во МВР нема доставено пријава за наводите што ги споменува. Очекуваме за сознанијата што вели дека ги има да достави соодветна пријава до полицијата.
Ова е одговорот од Министерството за внатрешни работи по дводневните прозивики на претселскиот кандидат на власта Стево ПендаровсКи, како и на раководството на СДСМ, дека тој е следен од тајни служби блиски до некои опозциски структури.
Додека полицијата се уште ја чека пријавата за случајот, Пендаровски и синоќа на интервју за тв 21 повтори дека е предмет на следење. Како доказ споменува три фотографии од последните 10 дена што биле објавени на социјалните мрежи.
Ден претходно генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски тврдеше дека полицијата веќе работи на случајот и штом Пендаровски тврди дека го следат тогаш тоа мора да е така.
Опозицијата пак, се сомнeва дека обвинувањата на Пендаровски се смислено сценарио на власта што ќе им овозможни на судовите да издадат наредби за следење на функцинери на ВМРО-ДПМНЕ во предизборието.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека чувството на сигурност кај граѓаните не смее да биде жртва и алиби, на како што велат, вториот изборен пораз на Пендаровски.