МВР идентификува 18-мина од учесниците во орото во Гевгелија


Граѓаните од Гевгелија кои за време на полициски час го славеа Велигден со оро на улица се соочуваат со кривична одговорност. Доколку се утврди нивната вина ќе бидат казнети парично или со казна затвор до една година. На овој случај координирано работат гевгелиското јавно обвинителство и полицијата. Во моментов во тек е идентификацијата на лицата од снимката која беше објавена на социјалните мрежи по што најверојатно ќе следуваат кривични пријави.

„Министерството за внатрешни работи, СВР Струмица, ОВР Гевгелија, во текот на денов од веќе идентификуваните 18 лица учесници на настанот, извршија службени разговори со осум лица, а за останатите десет лица разговорите се во тек, достави на покани за разговор во надлежната полициска станица. Исто така, по целосно документирање на настанот против сите инволвирани ке бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија“, рече Хризантема Рендевска- Портпарол на СВР Струмица.

Независно од овој случај во текот на последното деноноќие на подрачјето на СВР Струмица кое ги покрива десетте општини од Југоисточниот регион биле регистрирани 13 лицa кои не ја почитувале забраната за движење. Едно од нив е приведено додека за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Полициските службеници минатото деноноќие правеле контроли и кај лица кои се во изолација и самоизолација, при што не биле констатирани непочитувања на мерката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1