Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во полициска станица биле повикани сопственикот и администраторот на порнографската група на Телеграм – Јавна соба, и дека со нив бил извршен службен разговор.
Како што е наведно во полициското соопштение, утре ќе бидат презентирани доказите со коишто располага МВР.
„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со СВР-Скопје извршија идентификација на сопственикот на групата „јавна соба“ со иницијали Д.К. од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. од Скопје. Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица кои имале администраторски и модератороски улоги во групата. Со лицата извршен е службен разговор, а во текот на утрешниот ден во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располага МВР. Од страна на МВР ќе бидат направени дополнителни анализи на содржината која беше споделена во групата со цел утврдување други нелегални активност и сторители, согласно со КЗ. Паралелно на ова, МВР во соработка со ‘Телеграм‘, презема активности за затворање на групата и добивање други релевантни докази од интерес на истрагата. МВР апелира до членовите на групата да ја напуштат на своја иницијатива“, наведено е во соопштението на Министерството за внатрешни работи.