МВР: Пијан пациент почнал да крши предмети на токсикологија


Министерството за внатрешни работи соопшти детали за синоќешниот инцидент на Клиниката за токсикологија, кога пациент направил инцидент во болницата.

Како што било пријавено во полиција, во 18:55 часот во Полициската станица Центар, медицинска сестра од Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ пријавила дека З.Т., кој бил донесен во алкохолизирана состојба на клиниката, по укажаната помош почнал агресивно да се однесува и да крши предмети.

З.Т. бил приведен во Полициската станица Центар и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1