Со 8 прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир, министерот за внатрешни работи денеска се пофали дека го затворил случајот со нападот врз градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам. Меѓу пријавените е и самиот Бајрам кој се уште закрепнува од повредите.
Спасовски вели дека комплетно е расчистено и пукањето во Кичево во кое со прострелна рана се здоби носител на независна кандидатска листа во градот. И за двата случаи Спасовски вели дека немаат поврзаност со изборите. Од оние кои имаат, Спасовски вели дека регистрирани се 6 демолирања на партиски штабови и се работи на пронаоѓање на сторителите. Од МВР апелираат на воздржување од насилство и уверуваат дека полицијата ќе ги преземе сите мерки за непречено одвивање на изборниот процес.