МВР поднесе пријави против 8 лица за инцидентот во Шуто Оризари во кој е повреден Елвис Бајрам


Со 8 прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир, министерот за внатрешни работи денеска се пофали дека го затворил случајот со нападот врз градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам. Меѓу пријавените е и самиот Бајрам кој се уште закрепнува од повредите.

foto Alsat m

Спасовски вели дека комплетно е расчистено и пукањето во Кичево во кое со прострелна рана се здоби носител на независна кандидатска листа во градот. И за двата случаи Спасовски вели дека немаат поврзаност со изборите. Од оние кои имаат, Спасовски вели дека регистрирани се 6 демолирања на партиски штабови и се работи на пронаоѓање на сторителите. Од МВР апелираат на воздржување од насилство и уверуваат дека полицијата ќе ги преземе сите мерки за непречено одвивање на изборниот процес.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1