Телохранителот на премиерот Никола Груевски, Дејан Митровски Урко е суспендиран од работното место, потврдил портпаролот на МВР, Иво Котевски за Плусинфо.
Котевски за порталот изјавил дека станува збор за интерна потапка, а за повеќе информации упатил на Владата.
Владиниот порталрол Александар Георгиев денеска на прес конференција рече дека нема што да додаде на оние информации кои се веќе објавени во медиумите и дека останува на изјавата дадена од МВР.
Дневник вчера објави дека Урко е суспендиран поради недоволна посветеност и непочитување на професионалните стандарди.