МВР: Приведени се 27 лица во вечерашниве протести во Ѓорче


Од Министерството за внатрешни работи инфрмираат дека состојбата во Ѓорче Петров е мирна и под контрола. Нивните единици се сеуште на терен а според МВР во Ѓорче се останати помали групи кои не го нарушуваат јавниот ред и мир.

gjorce protest 1 Денешниот протест во знак на револт минал без поголеми инциденти кои би го нарушиле јавниот ред и мир и не е регистрирана поголема материјална штета.

Според досегашните информации има 27 приведени лица кои се на распит во полициските станици во Кисела Вода и Карпош. МВР нема добиено информации за повредени лица кои се јавиле во болница за лекарска помош, а засега неколку полициски службеници се пожалиле на полесни повреди.
Според МВР протестите започнале по 17 часот, откако разни групи од млади лица членови на навивачки групи се организирале на социјалните мрежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1