МВР се подготвува за избори


Министерството за внатрешни работи ги почна подготовките за постапување на полициските службеници пред и за време на претстојните локални избори што треба да се одржат во март. Со одлука на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, формиран е Оперативен штаб кој треба да ги испланира и реализира сите активности.

policijaВеќе е изготвена агендата и планот за обуки на полициските службеници што треба да ги реализира Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС), а кој се однесува на предизборниот период, како и на самиот ден на изборите.

Планирано е да се одржат работни состаноци со раководителите на организациските единици во Министерството на кои ќе им се укаже за начинот на однесување и постапување на полициските службеници за време на предизборната кампања. На полициските службеници ќе им биде укажано и на тоа надвор од работното време да не се ставаат во функција на политичките партии заради вршење изборни нерегуларности, да не го нарушуваат јавниот ред и углед на МВР и да се воздржуваат од какви било провокации на активисти на политичките партии. Доколку учествуваат во вакви настани ќе бидат преземени најстроги дисциплински мерки.

На денот на изборите, припадници на СВКПС ќе бидат распоредени во секторите за внатрешни работи и за секое примено известување за незаконско и непрофесионално постапување на полициските службеници на лице место ќе ја констатираат фактичката состојба и ќе преземат натамошни мерки.

policijaОд МВР информираат дека дадена е и насока за зголемена динамика во работењето на Управните служби кои ќе издаваат биометриски лични документи и на денот на изборите.

Отпочната е и соработка со невладините организации кои понудиле проекти за зајакнување на јавната свест во насока на превенција од насилство во текот на изборниот процес. Веќе е потпишано писмо со намери со Џабир Дерала, претседател на НВО „Цивил“ кои го понудиле проектот „Слободни и ненасилни избори 2013“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1