„Во врска со случајот со 12 годишното девојче штитеник на ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми, од страна на МВР постапувано е од крајот на 2016 и во текот на 2017 година и 2018 година и според евидентираните оперативни сознанија и комуникација со надлежното ОЈО, ја информираме јавноста за следното:
Малолетното девојче во текот на споменатиот период е девет пати пријавувано за исчезнато лице од страна на вработени во социјално-згрижувачките установи, при што во сите девет случаи е постапувано од страна на соодветните полициски служби.
Во документираните случаи, разговарано е со лица инволвирани во незаконски дејствија од областа на кривични дела против половата слобода, за што се направени детални известувања доставени во надлежното ОЈО за натамошно постапување.
Имено, на 03.01.2017 по пријава за исчезнато лице, девојчето е пронајдено во населбата Шуто Оризари во домот на Џ.К. (68), која што со сила ја задржала во својот дом со намера да и биде снаа. Констатирано е дека таму малолетничката имала сексуален однос со повозрасен човек. Направен е службен разговор со Џ.К., А.К. (44) и Ш.К. (39) и како можен сторител е детектиран Ш.К. за што од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е направен посебен извештај кој што на 12.01.2017 година е доставен до надлежен обвинител при ОЈО Скопје за натамошни насоки и постапување.
Во друг документиран случај се работи за пријава од вработена во ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми на 28.09.2017 година, откако малолетничката се вратила во домот после извесен период на отсуство. Вработената во оваа ЈУ пријавила дека, според кажување на девојчето, тоа околу 2-3 недели во повеќе наврати имало сексуални односи со постаро лице. Веднаш е постапено по пријавата и од страна на СВР Скопје до Основното Јавно обвинителство Скопје доставено е писмено известување од 02.11.2017 година, а дополнително известување е доставено и на 15.02.2018 година.
На 13.11.2017 год. околу 22.30 ч. од страна на ЈЗУ Општа Болница – Детско одделение Велес во СВР Велес е пријавено дека кај нив е донесена малолетничката во безсознание. На 14.11.2017 г., по барање на МВР, ОЈО издаде писмена наредба за вршење преглед на детето во Судска медицина – Скопје. Врз основа на наодот од извршениот преглед, документирана е кривична пријава против Е.У. до ОЈО Велес за полов напад врз дете, а истрагата е проширена и на други лица, за што ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО“ известуваат од МВР.