МВР со детали за инцидентот со дрвокрадци – повреден полицаец


На 24.09.2020 околу 20 часот на место викано Кисела вода во атар на село Степанци, Велес при преземање на мерки против лица што вршеле бесправна сеча и превоз на дрва, биле нападнати пет полициски службеници, а напаѓачите употребиле и тврди предмети.

Еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клинички центар во Скопје,а четворица полициски службеници се здобиле со повреди.

Веднаш е известен јавен обвинител. До сега се приведени четири лица, идентификувани се други лица и пронајдено е возилото кое го користеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1