МВР со детали за каменувањето на автобусот со навивачи на Работнички


На 06.05.2019 година околу 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „АВНОЈ“, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“, лицe фрлилo камен кон автобус што ги превезувал навивачите на кошаркарскиот клуб „Работнички“, при што скршил прозорско стакло. Притоа, Х.Н.(17) и М.Б.(17), двајцата од Скопје, се здобиле со повреди и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1