Вчера во 12:00 часот во Полициска станица Гевгелија бил пријавен пожар на улица „Ристо Чавдаров“, во колективна станбена зграда при што биле опожарени станови од поткровјето.
Пожарот е изгаснат од екипи на противпожарната единица од Гевгелија, Валандово и Неготино, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија и утврдено е дека причина за настанување на пожарот е греалка која се користела во еден од становите.